четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откриена вистината за мистериозниот повик пред несреќата на Дарко Лазиќ

Откриена вистината за мистериозниот повик пред несреќата на Дарко Лазиќ

Тоа утро кога пејачот Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа, од која се уште закрепнува, пејачот дознал дека ќе стане татко по втор пат.

На Лазиќ во рана зора, после веселбата на која бил со пријателите во Шабац, му се јавила свршеницата Марина Гагиќ да му соопшти радосни вести. Од среќа пејачот не можел да заспие, туку тргнала за Брестач.

-Со денови се нагаѓаше зошто Дарко после веселбата тргнал во родното место, кога можел да остане во својот апартман и убаво да се наспие. Меѓутоа имал силна причина. Имено тој пеел до зори, а кога дошол во соба, му се јавила Марина да му ги соопшти убавите вести. Таа тоа утро направила тест кој покажал дека е во благоловена состојба. Дарко бил толку среќен, што веднаш посакал да биде со неа. Не му било важно што цела ноќе пеел и што е уморен, па седнал во автомобилот и тргнал кон дома, не насетувајќи дека таа одлука за малку ќе го чинела живот, рекол пријател на Дарко и додал дека неговата свршеница се надевала дека тој ќе остане да преспие во Шабац, бидејќи знаела дека е уморен.

-Многу се потресе кога после два часа слушнала што се случило, додал пријателот на Дарко.

Најнови вести