среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев на Конгресот на ЛДП: Честитки до Милевски, благодарност за срдечниот прием

Ѓорчев на Конгресот на ЛДП: Честитки до Милевски, благодарност за срдечниот прием

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во својата најнова објава на Фејсбук вели дека вчерашниот Конгрес, односно Собрание на ЛДП, беше добра можност за разговор и дружење со делегатите на Либерално Демократска Партија ЛДП.

-Воедно, може да се констатира солидната меѓународна позиционираност на ЛДП кај нивните сестрински партии во Европа и светот. Европската народна партија (ЕПП) и либералната АЛДЕ имаат солидни контакти и соработка во Европскиот парламент. Уште еднаш, благодарност за гостопримството и срдечниот однос кон делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Честитки до членството на ЛДП за одлично организираниот настан со повеќе од 500 присутни и до старо – новиот претседател на ЛДП, Горан Милевски, како и неговите соработници, напиша Ѓорчев.

Најнови вести