вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

10 години од смртта на Хит Леџер: Го скрши заминувањето на свршеницата, а на крај остави порака со еден збор

10 години од смртта на Хит Леџер: Го скрши заминувањето на свршеницата, а на крај остави порака со еден збор

Се навршува деценија откако не напушти познатиот австралиски актер, а за неговиот живот убедливо најмногу се зборувало откако почина.

Хит Леџер почина на 22 јануари 2008 година, а неговата смрт прогласена е за несреќен случај, до која дошло со погрешна комбинаија на лекови. Зад себе остави филмови по кои многумина ќе го паметат, како „Планината Броукбек“, „Казанова“ и „Мрачниот витез“, а за последните денови на неговиот живот и тоа како се зборуваше.

Големата љубов на Хит, била Мишел Вилијамс, која ја запознал 2004 година, за во 2005 година да се свршат и да ја добијат ќерката Матилда. Го оставила во 2007 година, а се шушкаше дека се решила за тој чекор бидејќи не можела да се носи со неговата зависност од наркотици и алкохол, што целосно го уништило.

Неколку години после трагичниот настан, откриени се дневнциите на Хит, во кој се наоѓаат цртежи, фотографии на кловнови и исечоци од стрипови, додека на крајот на сите стои „збогум“. Таткото на Леџер во една прилика рекол дека најтешко му паѓа да ги погледа тие страници, кои неговиот син ги направил пред крај на снимањето на „Мрачниот витез“, каде го глуми ликот на Џокер.