понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Договорот не извира од македонските интереси, туку е наметнат од другата страна

Мицевски: Договорот не извира од македонските интереси, туку е наметнат од другата страна

Самоволието на владата и владејачкото мнозинство не застанува, па сега ќе ја повикуваат опозицијата за да го подржи процесот, манипулирајќи го народот. Со ова што некој денес наумил да го прави, односно да продолжи,брутално ја крши воспоставената демократска практика, посочи Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за Уставни прашања.

Мицевски образложи дека ниеден пратеник, ниту пратеничка група не беа вклучени во овој национален процес. Ниедна опозициона политичка партија или коалиција не беше суштински вклучена во тие тајни и затворени преговарања. Се потпиша Договорот и потоа некој се задскри зад македонскиот граѓанин но и тоа не успеа. Но, оној тесен круг на политичари од СДСМ реши дека тие и само тие имаат и право, и знаење, и мандат, и визија да решаваат едно крупно национално прашање, и со тоа ги потценија и ги оставија на маргините на овој процес и граѓаните, и стручната јавност и пратениците.

Наместо чувство дека Договорот е дело на нашето општество и граѓаните, се создаде чувство дека се работи за туѓо наметнато решение и за спогодба која ја доведува Македонија во положба на потчинетост и зависност кон друга држава. Ова се показатели дека Договорот не извира од македонските интереси, туку дека е наметнат од другата страна, а Македонија и Собранието се доведени пред свршен чин. Се направија многу крупни незаконски и противуставни грешки, кои самиот процес го прават неуставен, а самиот договор нелегитимен, појасни Мицевски.

При самото говорење на Комисијата за Уставни прашања, Мицевски ги потенцира клучните грешки и тоа:

Прво, овој договор не е потпишан од Претседателот на Република Македонија, што е спротивно на законот.

Второ, процесот неделовнички се водеше во комисијата за европски прашања.

Трето, владиниот тесен круг кој ги исклучи сите други институционални актери од процесот и го погази легалитетот на договорот.

Четврто, власта без да ја консултира опозицијата, без да направи јавна расправа со стручната јавност, донесе одлука за консултативен референдум, спротивно на Уставот.

Петто, не се испочитува волјата на граѓаните од референдумот.

Најнови вести