петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Најлошите особини на современите мажи

Најлошите особини на современите мажи

Новото време носи поинаков начин на размислување, на облекување, на однесување, со еден збор – нов начин на живот. Некои промени се особено забележливи кај посилниот пол, а врз основа на женското размислување се издвојуваат најлошите особини на денешниот маж.

1. Недоследност

Во сè. Ветувања, комуникација, размислување, постапки…

2. Недоволна комуникација и внимание

Ова се однесува на мажите кои не исчезнуваат целосно, но и не се секогаш присутни. Прво забележувате дека меѓу вас има хемија, се смеете и зборувате за сè и сешто, а потоа тој со денови не се јавува. И тогаш, одеднаш ви праќа порака: Каде си, душо?

3. Скржавост

Ако жената прифати да не плати ништо на првите два состанока, тоа не значи дека бара „спонзор“, туку тоа е општоприфатено правило што сите господа треба да го следат ако сакаат да се претстават себе си во убаво светло. Затоа, ако немате „подлабок џеб“, може да се оди на кафе или на прошетка, каде што не ќе мора да се бара и од неа да плаќа.

4. Изговорот „Не сум подготвен за врска“

Нема никаков проблем ако мажот тоа го каже на почетокот… Но, ако повеќе од еден месец редовно се гледа со неа, се чувствуваат и се однесуваат како да се во врска, а потоа тој го каже тоа повторно, тоа е себично и ниту една жена нема да го прифати. Доколку тој по еден месец смета дека не се еден за друг, тоа треба да се каже искрено и отворено. (МИА)