вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Дарко Лазиќ ги шокираше, па ги разлути фановите – пејачот наиде на остра осуда поради овој чекор

ФОТО: Дарко Лазиќ ги шокираше, па ги разлути фановите – пејачот наиде на остра осуда поради овој чекор

Пејачот од неодамна е во Младеновац, на Институтот за рехабилитација “Селтерс”, а фотографијата на Дарко Лазиќ, која се појави на Инстаграм, предизвика шокантни реакции, па бура од  негодувања и коментари.

Имено, Дарко се фотографирал во маичка со натпис “Живеј брзо”! Иако веројатно дури и не обрнал внимание на она што му пишува, многумина коментираа дека пејачот кој преживеал страшна сообраќајна несреќа испраќа погрешна порака со овој потег и жестоко го осудија за тоа.

„Живеј брзо, умри млад и биди убав леш“ – беше девизата на идолите од хипи ерата од крајот на 60-ите и почетокот на 70-ите години на минатиот век… Но токму поради таа девиза, музичките ѕвезди како Џенис Џоплин, Џим Морисон, Џими Хендрикс, Марк Болан,  Сид Вишоус… за жал, животот го завршија пред 30-тата година!

Вистина.мк

Најнови вести