понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Форум на тема „Судирот на интереси во власта – тенката линија до корупција“

Форум на тема „Судирот на интереси во власта – тенката линија до корупција“

Форум на тема  „Судирот на интереси во власта – тенката линија до корупција“ ќе се одржи денеска во организација на Транспарентност Македонија, во соработка со НВО Инфоцентар.

Неформалната Коалиција за нулта толеранција, составена од граѓански активисти и новинари, го организира овој форум имајќи го предвид сѐ почестото преплетување на јавните и приватните интереси во државата, како и потребата од зголемување на одговорноста, транспарентноста и отчетноста на избраните и именувани функционери и други службени лица.

Главниот фокус на дискусијата, според организаторот, ќе биде како може успешно и ефикасно да се бориме против судирот на интереси и како да ги избереме најсоодветните средства за создавање „општество на доверба”, а не „општество на недоверба”.

МИА

Најнови вести