Шпанскиот премиер Педро Санчез и каталонскиот лидер Ким Тора вчера се договорија да најдат решение за политичката криза која трае од минатогодишниот неуспешен обид на Каталонија да се отцепи од Шпанија.
По состанокот на Санчез и Тора во Барселона, нивните влади издадоа заедничко соопштение во кое повикуваат на „посветеност кон ефикасен дијалог кој води до политички предлог који би имал поддршка од голем дел од каталонското општество“ и се додава дека членовите на двете влади се договориле повторно да се сретнат во јануари.
Санчез планира денеска во Барселона да одржи седница на шпанската Влада, против што ќе протестираат групи на радикални сепаратисти.
МИА