четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Владата ги изневери очекувањата на младите

Ѓорчев: Владата ги изневери очекувањата на младите

Во емисијата „Топ тема“ на Телма која се одржа во Филозофскиот факултет каде што учествуваа и студентите, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Тема на дискусија беа повеќе состојби во општеството меѓу кои корупцијата, лошите услови во образованието…

Ѓорчев потенцираше дека власта ја злоупотребила довербата на граѓаните и на студентите за да дојде на власт, а потоа ги изневерила нивните очекувања. Тој кажа дека состојбата во Македонија е алармантна и дека луѓето, а особено студентите масовно се иселуваат.

„Имаме ситуација каде што луѓето масовно се иселуваат од Македонија имаме заробено судство, имаме состојба каде беа ветувани инвестиции од Google, но не се остварија“- кажа Ѓорчев.

Ѓорчев потенцираше дека во последниве 20 години немало гарнитура која што дошла со толкав ентузијазам и ветувања како СДСМ и дека за повеќе од една година ништо од ветувањата кои биле дадени во предизборието не се остварени што е поразително и тоа го чувствуваат младите а посебно студентите на своја кожа.

Најнови вести