Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната 27.Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата посочи пример во кој на бизнисмените им се бара тарифа за склучен договор.
-Во разговоро со еден бизнисмен, од оправдани причини посака човекот да биде анонимен, но тој е еден од многуте во низата, ми призна. Вели мојата компанија учествуваше на еден државен тендер и го доби. Кога отидов да потпишам договор ме пречека еден фин господин, учтив и рече, влези во мојата канцеларија. Влегов и бев подготвен, рече да го потпишам договорот, но тој ми рече не, ова е добро ти што даде таква понуда каква што даде, добро е што го доби тендерот, но ќе мора да се обратиш и на друго место, од 5 до 15 проценти е тарифата, ресторанот сите го знаете каде е во Република Македонија ќе те чека човекот ќе се договорите. Е тогаш ќе се вратиш и ќе го потпишеме договорот. Значи освен исполнетите услови од институцијата за да добиете тендер треба да ги исполните и условите на овие од власта, а таму авантата игра најголема улога и тоа е најсилниот критериум. И затоа Македонија ќе е на 112то место на иднексот на корупција заедно со Етиопија и Танзанија и затоа корупцијата е на секое ниво, од најниско од највисоко. Овде не се важни критериумите за квалитет и цената туку авантата за овие од власта. Оние кои ќе дадат некакви ветувања, ќе се колнат и ќе бараат да им верувате, и подоцна ве лажат и изневеруваат, тие почитувани мои се наречени измамници, истакна Мицкоски.