недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Опозицијата поднесува интерпелација за Спасовски: Функцијата ја извршува несовесно, селективно и по насока на СДСМ

Опозицијата поднесува интерпелација за Спасовски: Функцијата ја извршува несовесно, селективно и по насока на СДСМ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“ денеска во Собранието на Република Македонија ќе поднесат интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Во изминатиот период министерот Оливер Спасовски покажа и докажа дека функцијата министер за внатрешни работи ја извршува крајно несовесно, нестручно, селективно и по насока на врвот на неговата политичка партија, а спротивно на Уставот и законите во Република Македонија. Граѓаните секојдненво се сведоци на скандали и афери поврзани со работата на министерството за внатрешни работи. Наместо да се гржи за јавниот ред и мир и да ја гарантира безбедноста на граѓаните, главна задача на министерството за внатрешни работи стана прикривањето на убиства и криминал. Министерството за внатрешни работи наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана институција која служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако министерот Спсовски започна да раководи со министерството за внатрешни работи, рече тој, граѓаните секојдневно се жртви на грабежи, обиди за убиства, убиства, рекетирања и насилства кои минуваат неказнето.

-Дека Министерството за внатрешни работи не си ја врши работата како што треба говори и истражувањето на Евробарометар објавено на 12-ти септември каде што е наведено дека доверба во полицијата имаат само 34 % од граѓаните, додека 61% од граѓаните немаат доверба во полицијата. Непрофесионално работење на МВР се одрзи и со зголемување на корупција во државата. Наместо борба против корупцијата имаме огромно зголемување на корупцијата што резултираше Република Македонија да се најде на дното на листата на Транспаренси.  Според извештајот за перцепција за корупција на „Транспаренси“ Македонија бележи катастрофален пад од 17 места односно од 90 на 107 место. Благодарение на министерто Оливер Спасовски и на Владата,  Република Македонија стана синоним за корупција. Ова е резултатот од катастрофалното раководење на министерот Спасовски со една од најважните институци во Република Македонија. За ваквата ситуација Оливер Спасовски мора да понесе одговорот. Со цел да ги заштитме граѓаните, но и да спречиме состојбата во МВР да се влоши ја поднесуваме оваа интерпелација за работата на министерот Оливер Спасовски, порача Мицевски.

Најнови вести