Француските власти денеска спасија осуммина мигранти кои се обиделе со чамец да преминат преку Ла Манш до Велика Британија.
Моторот на чамецот им се расипал по што им помогнале француски крајбрежни патроли.
Меѓу спасените мигранти имало и две деца.
Во каналот Ла Манш од неодамна е забележано зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат со мали чамци од Франција да стигнат во Англија.