ОВЕН
Работа: Колку вие се забавни и подготвени за разни подвизи, толку вашите соработници имаат мали проблеми со дополнителната енергија.
Љубов: Партнерот има преголеми барања или можеби сака да потроши повеќе од што сте очекувале.
Здравје: Вкочанетост на вратот.
БИК
Работа: Работата оди добро, но бара повеќе труд. Затоа е поедноставно следните моменти да ги минете со колегите кои ве разбираат и имаат разбирање за вашите напори.
Љубов: Емотивно сте некој кој не е во состојба да живее сам или да седи со скрстени раце. Ја сакате љубовта, и љубовта ве сака вас.
Здравје: Избегнувајте мрсна и зачинета храна.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Се препорачува да бидете внимателни од неколку причини. Морате да бидете некој кој внимава со кого работи и прави договори на работа. Пари ќе ви дојдат само преку кредит.
Љубов: Отворени сте за љубов и за љубовни игри. Сакате кога нешто се случува. Често ви е здодевно.
Здравје: Морате да поведете сметка за своето однесување кон здравјето.
РАК
Работа: Ќе се помирите со состојбата која ја имате пред себе. Проверете ги сметките и плаќањата во текот на денешниот ден.
Љубов: Бидете внимателни. Чести караници во текот на денот. Партнерот не го разбира вашето однесување.
Здравје: Пазете да не паднете и да не се повредите.
ЛАВ
Работа: Бидете горди затоа што остварувате многу успеси на кои ви завидува околината. Имате секогаш добри идеи.
Љубов: Немате време за разправи. Едноставно бидете искрени и кажете му на партнерот што имате.
Здравје: Проблеми со кичмата или срцето.
ДЕВИЦА
Работа: Една вага врши притисок на вас и на работата која ја работите. Покажете го вистинското лице. Никако не влегувајте во мрежата на сопствените стравови.
Љубов: Добро се чувствувате и имате целосна поддршка од партнерот.
Здравје: Циркулацијата во вените е слаба.
ВАГА
Работа: Секој почеток е тежок. Така и овој пат, новиот проект има во себе многу предизвици. Вашата упорност и доследност на работата ви носи почит.
Љубов: Односот со партнерот ви е одличен. Задоволни сте.
Здравје: Добро.
СКОРПИЈА
Работа: Кога плановите нема да се остварат станувате фрустрирани, водете сметка да не влегувате во непромислени работи затоа што последиците ќе бидат тешки.
Љубов: Љубовта е на страна, не сте нежни. Имате остар јазик.
Здравје: Незадоволството лошо влијае на вас.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Немате трпение и тоа ви создава жесток отпор кон остварување на целта. Колегите денеска се многу чувствителни на тешки зборови. Сменете го тонот.
Љубов: Партнерот ве условува: или обврски, или тој/таа.
Здравје: Ве мачи бешиката.
ЈАРЕЦ
Работа: Размислете за тоа кој е вашиот следен чекор. Однапред испланираната тактика е најдоброто решение. За акција стрпете се.
Љубов: Потребна ви е љубов, ама вие се уште не ја давате доволно.
Здравје: Избегнувајте колачи, торти, чоколади…
ВОДОЛИЈА
Работа: На ред вас се напредок, признание и успех во материјални и во духовни сфери. Парите стигнуваат.
Љубов: Уживате во кругот на семејството. Тоа сега ви е најважна поддршка без која немате смисла.
Здравје: Болки во стапалата.
РИБИ
Работа: Ве привлекува тага и личности кои се депресивни. Тоа е лошо за напредок и кариера, и воопшто за работата. Дружете се само со позитивци околу себе.
Љубов: Ги имате сите можности да се спремате за пат во странство со партнерот.
Здравје: Слаби сте.