Познатата водителка Јована Јоксимовиќ денес е една од најпознатите водителки во регионот, но на почетокот на кариерата тоа не беше така.
Јоксимовиќ кариерата ја започна на свои 18 години, а на својот Инстаграм профил со фановите сподели фотографија од нејзините почетоци кога имала 23 години.
Водителката на фотографијата е со шишки и црвена коса, а на овој изглед не остана рамнодушен ниту нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ кој и напиша на водителката „Маацц“, кој нагалено ја нарекува својата понежна половина.