Pо повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот соопштија од ЈСП „Скопје“.
На 31. декември (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред.
На 1. и 2. јануари (вторник и среда) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Од 3. јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред.
Но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 3. јануари ќе биде редуциран.
На 7. јануари (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.
Ноќните линии на 31. декември (понеделник према вторник) и 1. јануари (вторник према среда), ќе работат по возен ред како во сабота према недела.
Жичницата на Водно нема да работи на 31. декември (понеделник), со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот.
На 1. јануари (вторник), жичницата ќе почне со работа од 11 часот.
Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224.