недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вознемирувачко видео: Поради деформација на главата го викаат „вонземјанин“, а тој нема пари за специјалист и операција

Вознемирувачко видео: Поради деформација на главата го викаат „вонземјанин“, а тој нема пари за специјалист и операција

Маж со тешка деформација на главата очајнички сака пластична операција за да може да се вљуби и основа семејство, пренесува Mirror.

Аншу Кумар од Пинџаба, Индија, поради неговата чудно изобличена глава го викаат „вонземјанин“, а наводно лекарите не успеале да дијгностицираат за какво пореметување станува збор.

Поради својата мистериозна состојба Аншу има тесни очи и многу голема глава, а покрај тоа коса му расте само на мал дел на черепот на врвот на главата.

Со оглед на тоа што зараборува околу 3.200 денари месечно не може да си дозволи одење кај специјалисти кои би можеле да ја утврдат неговата точна дијагноза.

„Сакам да се дружам со децата од соседството, но најмногу време минувам сам. Девет часа дневно работам во фабрика. Би сакал операција за да можам да се оженам и засновам семејство. Тоа ми е најголем сон. Каде и да одам луѓето ме викаат ’вонземјанин’. Поради мојата голема и чудна глава ми зборуваат дека не сум од овој свет“, раскажал тој.