недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради кибер напад попречено печатењето на неколку американски весници

Поради кибер напад попречено печатењето на неколку американски весници
A hooded man holds a laptop computer as cyber code is projected on him in this illustration picture taken on May 13, 2017. REUTERS/Kacper Pempel/Illustration

Печатењето и дистрибуцијата на дневниот весник „Лос Анџелес тајмс“ и други американски весници, вклучително и изданијата на компанијата „Трибјун паблишиг“ како „Чикаго трибјун“ и „Балтимор сан“ е нарушено поради кибер напад.

Според „Лос Анџелес тајмс“ кибер нападот најверојатно е изведен надвор од САД.

Од кибер нападот погодени се и весниците „Волстрит џурнал“ и „Њујорк тајмс“, кои се печатат во истата печатница.