Пејачката Шерил Кол гостуваше во емисијаа „Big Show“ и учествуваше во играта „Send to all“ (испрати на сите), а по оваа играа таа се засрами и поцрвени во студиото.
Имено тоа е предизвик каде гостите мора да го препуштат нивниот телефон на водителот и тој да прати одредена порака на целиот именик.
Па така таа им испрати порака дека ќе позира гола на курс за сликање и ги повикува да дојдат да ја гледаат.
Потоа започнаа да стигнуваат и повратни одговори, а меѓу првите кои реагираа беше Викторија Бекам која очигледно не знаела дека таа гостува во емисија.
„Пардон?“, кратко одговори Бекам, а водителот пораката ја прочита на глас, по што Шерил го прекри лицето од срам.
Останатите ја прифатија шегата, додека уште една „Спајс“ девојка и одговори дека „сакала таа да и го нацрта нејзиниот задник“.