Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денес оствари средба со претседателот на Демократските сили на Ромите, Шабан Салиу.
-Ромите залужуваат многу повеќе проекти. Потребен е МНОГУ поголем ангажман околу прашањата кои ги засегаат Ромите. Ромите се директно засегнати од економијата, невработеноста, сиромаштијата и животниот стандард. Економскиот напредок или назадување ДИРЕКТНО ги засега СИТЕ граѓани од сите националности, пишува Ѓорчев на Фејсбук.