Денеска во 12 часот почнува последната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа.
На седница на Собранието на Македонија ќе има четири точки на дневниот ред: утврдување на предлог амандманите на Уставот, донесување на амандманите, прогласување на Амандманите и на предлог-уставниот закон за нивно спроведување.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го бојкотира гласањето.