Веќе два дена без престан вее снег во Скопје, а автобусите на ЈСП возат со летни гуми. Возачите се загрижени се повеќе за својата и за безбедноста на патниците. Дури и земаат одмори за да не возат во овие зимски услови кога ЈСП нема обезбедена зимска опрема за автобусите.
Освен што возат со летни гуми, дури и парното на повеќето автобуси не функционира, а мајсторите не можат да постигнат да ги поправат, бидејќи и тие немаат услови и соодветни алати за поправање, велат извори од ЈСП.
Незадоволството освен кај револтираните граѓани кои што чекаат дури и 40-тина минути автобус кој е на честа линија како 5-ка, 15-ка, се јавува и кај вработените. Тие дури и се повеќе се разочарани од претпријатието, и бараат работа по други фирми и по други држави.
Со ваков тек по кој оди ЈСП повеќе од очигледно е дека директорот не се грижи за вработените и за самото претпријатие, изгледа дека оди по стапките на градоначалникот на Град Скопје. Иако јавна тајна е дека тој дури не се појавува ниту на работа, вработените ретко го гледаат на работно место, а почесто по разно разни кафеани во придружба со градоначалникот на Град Скопје.