Во пресрет на христијанскиот празник Богојавление – Водици членови од нуркачкиот центар Амфора и клубот за подводни дејности Охрид, извршија чистење на дното на езерото каде ќе се фрла чесниот крст, пишува Охрид1.
-Основната цел е безбедноста на капачите и намалување на ризикот од повреди, велат од Амфора и клубот за подводни дејности Охрид.