понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со пензионерите од Охрид: Неспособноста на оваа власт ве примора наместо да уживате во своите пензионерски денови да протестирате за повисоки пензии, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите

Мицкоски на средба со пензионерите од Охрид: Неспособноста на оваа власт ве примора наместо да уживате во своите пензионерски денови да протестирате за повисоки пензии, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите

Во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, вчера во Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со пензионерите, при што нагласи дека со оваа ненародна власт пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови тие се приморани да протестираат по улиците барајќи поголема пензија.

„Главниот удар врз пензионерите е направен ако се сеќавате кога беше пуштена онаа методологија кога два пати годишно пензиите се нивелираа по два столба. Пондер имаше 50% трошоци за живот и пондер имаше 50% раст на просечна плата. Тоа се напушти и тоа траеше добри две години со што се направи дисбаланс помеѓу просечната пензија и просечната плата или минималната плата и да речеме од некои 60-тина проценти таа падна под 50% и сега денеска пензионерите ги гледаме како наместо да уживаат во пензионерските денови тие протестираат на улиците и си ги бараат правата за подобар живот“, појасни Мицкоски.

Тој посочи дека владата под притисок на јавноста ја врати таа стара методологија само ребрендирана како швајцарски метод. А, во суштина тоа беше онаа иста методологија која ја напушти власта.

„Има уште една работа, јас кога отидов во пензија влегов со 80% од просекот на плати, а пред тоа беше 90%, сега е 80%, значи на два – три пати ни е скратено она што требало да ни го дадат“, истакна еден од пензионерите при средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со економскиот тим да направи анализа и да се креира економски модел за раст на пензиите и тие проценти кои што претходно биле да се стигнат, или како што рече зошто не и да се надминат.

„Апсолутно како ВМРО-ДПМНЕ имаме намера да влеземе во озбилна анализа и овој економски тим кој што го креира тој економски модел да има посебен начин на раст на пензиите и тие проценти кои што беа да се стигнат, а зошто да не и да се надмине“, укажа Мицкоски.

Но, тој исто така при средбата со пензионерите во Охрид рече – „Но, мораме да бидеме свесни во овој момент дека нашиот буџет ваков каков што е ние немаме прегледност, не знаеме кои се обврските преземени се додека во таа институција не влеземе“.

Мицкоски додаде дека сите оние кои одлучија да нанесат штетат на интересот на стотици илјади семејства кои сакаат да ја видат власта сменета, односно да има Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени.

Најнови вести