понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

ФОТО: Македонските навивачи ја полнат „Олимпик хале“ во Минхен

ФОТО: Македонските навивачи ја полнат „Олимпик хале“ во Минхен

Македонската ракометна репрезентација за половина час ќе го одигра својот втор натпревар на Светското првенство против Бахреин, а од трибините нема да недостасува поддршка за „жолто-црвените“ поддршка.

Околу 500 навивачи во петокот беа присутни во „Олимпик хале“ во Минхен на мечот со Јапонија, а денеска се очекува бројката да биде уште поголема, откако голем број навивачи пристигнаа во германската престолнина да го бодрат македонскиот тим.

Со победа денес, Македонија ќе биде на чекор од пласманот во главната групна фаза.

МИА