СДСМ се плашат од граѓаните кои ги прочитаа и затоа не се одважуваат да го прифатат предизвикот и да излезат на предвремени парламентарни избори. СДСМ знаат дека со техничка влада нема да можат да фалсификуваат и да местат тендери. СДСМ бега од соочување со граѓаните и сака уште две години власт, злоупотребувајќи го буџетот за богатење на поединци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта не ја почитува волјата на граѓаните и извршува незаконски и неуставни дејствија со објавувањето на законот за двојазичност во Службен весник. Талат Џафери, директорот на Службен весник и сите останати кои ги прекршија законите ќе одговараат. Власта ја блокира иднината на Македонија, која со вакви правни преседани, се затрупува во кривични дела секој ден. За да има демократија треба да се почитува правото, затоа што тоа е рамка на успешно функционирање на државата како целина, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Демократијата е единствено остварлива доколку се почитуваат правата на граѓаните, процедурите според кои се носат законите и законското работење на институциите, без тоа СДСМ и Заев можат само да сонуваат дека ќе ја однесат Македонија во ЕУ и НАТО. Граѓаните не ги заборавија многубројните изјави на Зоран Заев со ветувањата дека на Македонија нема да и се случи двојазичност. Граѓаните на избори ќе знаат да проценат кој навистина ја погазува волјата на мнозинството“.