Американската гранична патрола во југозападна Аризона приведе група од 376 мигранти од Централна Америка, кои копале дупки под бариерите поставени на границата.
Најголем број од уапсените мигранти се од Гватемала, од кои 176 се деца.
Портпаролот на Граничната патрола Хосе Гарибеј Ил изјави дека областа станала главен коридор за илегално преминување. Тој додаде дека Граничната патрола до сега има уапсено 396.579 луѓе на границата со Мексико.