среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Големиот крст од балони слета во Требеништа

ФОТО: Големиот крст од балони слета во Требеништа

Традиционално, дел од прекрасниот празничен декор за Богојавленските празници во духовното светилиште на Македонија и православието, Охрид, е и голем крст направен од балони.

Крстот се издига кон облаците при положувањето на чесниот крст во езерските води.

Интересно е што крстот од Охрид денеска „слета“ петнаесеттина километри во селото Требеништа.

За охридскиот крст се погрижија жителите на селото кои, пак, исто така испратија крст од бели балони кон небото.

Извор: Ohridnews