понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација (ВИДЕО)

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација (ВИДЕО)

Папата Франсиско ги покани католиците да се молат со него на интернет, објави „Франс 24“.

Интернет и социјалните мрежи се начин да останеме во контакт со другите, да споделуваме вредности и проекти и да ја изразиме желбата за формирање заедница“, изјави папата за време на неговата традиционална неделна молитва.

Интернетот може да ни помогне да се молиме како заедница, да се молиме заедно”, рече папата.

Со помош на помошник кој држеше „таблет“, Франциско( 82) ја презентираше мобилната апликација „Click to pray“ (Кликни за молитва).