Новинарката Менче Точи на својот Фејсбук профил со критика за состојбата во здравството и загаденоста на воздухот.
Таа коментира дека лицата од невладините организации кои порано протестираа на овие теми, сега си фатија позиција и никаде ги нема.
-Ги снема невладините или истите оние ликови што протестираа за чист воздух, а богами и за состојбата во здравството за која ревносно го дигаа својот глас. Си фатија позиции па сега се е супер, по цена и на човечки животи. Не бидува држава од нас, дефинитивно, напиша Точи.