петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од компанијата ја потврдуваат информацијата: Сестрата на министерот за економија е вработена во МЕПСО

Од компанијата ја потврдуваат информацијата: Сестрата на министерот за економија е вработена во МЕПСО

Влора Бектеши, сестра на министерот за економија Крешник Бектеши е ново-вработена во државната компанија МЕПСО, пренесе „Економски Лидер“.

Редакцијата на Курир од компанијата МЕПСО доби потврда дека сестрата на министерот Бектеши е вработена таму.

Во продолжение Ви го пренесуваме во целост одговорот кој го добивме од компанијата МЕПСО:

„Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста ве известуваме дека е невистинита шпекулацијата дека министерот за економија Крешник Бектеши вработил близок роднина во МЕПСО. Бектеши нема законски овластувања да вработува во МЕПСО ниту како министер може да влијае од причина што основач на МЕПСО е Владата, а единствен акционер е Министерството за транспорт и врски.

Влоре Бектеши е вработена во МЕПСО лани во Секторот за правни и општи работи како референт, на оглас на кој се пополнети 23 отворени работни позиции. Целата постапка за вработување е во согласност со Законот за работни односи, а Бектеши на местото референт е избрана меѓу тројца кандидати предложени од стручна комисија.“

Ова не е прв случај блиски роднини на високи функционери да бидат вработени во државни компании. Претходно ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери и синот на архитектот близок до власта, Мирослав Грчев, добија вработувања во државната „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ). Нивните работни места не беа огласени и примени се без конкурс, што дополнително ја зовре јавноста во ситуација кога се бара чесност, непристрасност и транспарентност по промената на власта пред десетина месеци, објави Независен весник.

Од ЕЛЕМ тогаш потврдија дека своите редови ги засилиле со Димитар Грчев и Бесија Џафери објаснувајќи оти сѐ е чисто и законски.

Најнови вести