четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Квитова против Осака за трофејот на Австралија опен

Квитова против Осака за трофејот на Австралија опен

Чешката тенисерка Петра Квитова и Јапонката Наоми Осака ќе играат во финалето на првиот годинашен Грен слем, Австралија опен.

Ова е епилогот по двата полуфинални меча одиграни рано утрово.

Квитова до своето прво финале во Мелбурн стигна по победата над Даниеле Колинс од САД со 2-0, по сетови 7:6 и 6:0. Мечот траеше еден час и 36 минути.

Во другото полуфинале Осака за нешто помалку од два часа игра, беше поуспешна од Каролина Плишкова (Чешка) со 2-1, по сетови 6:2, 4:6 и 6:4.

Женското финале на АО на програмата е в сабота од 9:30 часот.

На машкиот дел од турнирот, денес во Мелбурн од 9:30 часот ќе почне првото полуфинале во кое се среќаваат Рафаел Надал од Шпанија и Стефанос Циципас од Грција.