Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се обрати до нацијата , откако претседателот на парламентот Хуан Гваидо се прогласи за претседател со поддршка од САД.
Мадуро најави затворање на амбасадата на Венецуела и сите конзулати во САД . Тој потсети дека до недели сите американски дипломати мораат да ја напуштат Венецуела. Мадуро во обраќањето рече и дека се согласува со ставот на Мексико и Уругвај дека е потребен дијалог. Сепак потенцира дека нема намера да го напушти местото претседател на државата.
Никогаш нема да се откажам од обврските кон мојата татковина , никогаш тоа нема да го направам, рече претседателот, кој се соочува со петоцифрена секојдневна инфлација во земјата што е на четврто место во светот по производство на нафта.
Милиони жители на Венецуела од почетокот на минатата година ја напуштија земјата и заминаа како бегалци во соседните земји.
Мадуро на крајот на говорот се претстави себеси како уставен претседател , а шефот на опозицијата Гваидо го нарече марионета на САД.
Во меѓувреме, најмалку 12 лица загинаа во бранот антивладини протести во Венецуела, соопшти денеска невладината организација Венецуелска опсерваторија за општествени судири.