сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на СДСМ бара извинување од Царовска, МТСП вели дека Димитриевски лаже

Градоначалникот на СДСМ бара извинување од Царовска, МТСП вели дека Димитриевски лаже

Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите за управување со градинките на Општина Куманово заради непочитување на одредбите од Законот за заштита на децата. Градоначалникот Максим Димитриевски не постапи според своите овластувања во рамки на дадениот законски рок и ова е единствената причина за одземање на ингеренциите на општината. Сите други укажувања кои ги изнесува Димитриевски се лажни и апсурдни, реагираат од МТСП.

-За отпочнување на постапката за одземање на ингеренциите бевме известени од страна на Управниот Одбор на градинката по што МТСП постапи  согласно законската регулатива. Оваа одлука е донесена откако при вршење на надзор на работата беа утврдени недостатоци во спроведувањето на постапката за распишување на оглас за директор на детски градинки. На градоначалникот му беше дадено укажување со утврден рок за отстранување на неправилностите, преку уредно примен допис на 4.01.2019 година. Откако градоначалникот не постапи според даденото укажување, Министерството за труд и социјална политика ги презема ингеренциите за управување со градинките на период од 1 година, согласно членот 201 од Законот за заштита на децата, реагираат од министерството.

Од МТСП потсетуваат дека освен на Куманово ингеренциите по истата основа пред околу еден месец се одзеземни и на Општина Струга.

-Целта на ваквото постапување е да се овозможи непречено работење на градинките и да се гарантира квалитетна грижа за децата. Постапка за одземање на ингеренциите во двете општини е водена целосно согласно законските прописи и нема никаква основа за преиспитување на овие одлуки.Детската грижа и заштита и понатаму остануваат приоритет во работењето на Министерството за труд и социјална политика, порачуваат од МТСП.

Најнови вести