Во вечерашното гостување на МРТ,заедно со претставници од медиумите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека СДСМ сакаат да ги украдат гласовите од народот за претседателските избори.
Мицкоски изјави дека намерата на СДСМ е до крај да ја уништи правната држава и владеењето на правото и дека владејачката партија не е подготвена да организира избори.
-Не е точно дека сега конечно на нас ќе ни тргне во економијата. Оваа година нема да има економски бум, бидејќи слушав врз основа на што се темелат проекциите на Зоран Заев и на останатите кои се занимаваат со ресорите економија, и јас ве уверувам дека тоа е невозможно да се случи, со исклучок на првиот квартал затоа што првиот квартал во 2018 беше екстремно низок. Најпрво имаа 0 проценти, а потоа со онаа пиши-бриши статистика го качија на 0.9 проценти, рече тој.
Мицкоски пред новинарите и јавноста одржа мало предавање во однос на теоријата „Економски бум“. Тој рече дека таа теорија подразбира раст на економијата од 4,5 %, 5% или 5,% проценти, а не е „економски бум“ ако растот е 2 % или 2,5 %, односно раст под 3 %.
Мицкоски рече дека растот на економијата не смее да се темели само на една странска инвестиција, ниту пак на капиталните инвестиции кои беа скратени со ребалансиранинот буџет.
-Во отсуство на структрурни реформи во отсуство на сериозни проекти во енергетиката, во инфраструктурата, во економијата вие не можете во јавноста да излегувате со истите тези веќе трета година по ред и да ја замајувате . Бизнис комората нема против да се одржат парламентарни избори заедно со претседателските, затоа што се скратува времето изгубено за еден изборен циклус. За економијата е проблем доколку секоја година се случуваат избори, изјави Мицкоски.