четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Токсичниот воздух во Скопје неверојатен причинител: После 30 години прв пат во експеримент не може да се забележи кој е пушач, а кој не

Токсичниот воздух во Скопје неверојатен причинител: После 30 години прв пат во експеримент не може да се забележи кој е пушач, а кој не

Првпат после 30 години, во редовен експеримент оваа година не можело да се забележи кој е пушач, а кој не, зошто 90% од студентите биле интоксицирани со цијаниди, како да работат во индустрија со олово.

Токсичниот воздух во Скопје е најверојатниот причинител, овие податоци ги објави О2 иницијативата на својот Фејсбук профил, а се направени од страна на 360 степени.

Цијанидите во воздухот, ако ги изземеме цигарите, може да се од индустријата, металургијата, рударството, издувните гасови од возилата, пожари, горење на одредена пластика, понатаму согорувањето на одредени биомаси, комунален отпад, итн.

-Сите сме длабоко интоксицирани од загадениот воздух, ама со 2 милиони евра Владата ќе го намалува аерозагадувањето. Колку да се каже дека нешто се направило.

⛔️ СЕКОЈА година 20 пати повеќе луѓе умираат од загадениот воздух во земјава од загинати во сообраќајни незгоди.

⛔️ СЕКОЈА година имаме повеќе жртви од загадениот воздух отколку од загинатите во конфликтот во 2001.

⛔️ 9 луѓе СЕКОЈ ДЕН умираат поради загадениот воздух во земјава.

⛔️ 3,200 умираат СЕКОЈА година во земјава поради загадениот воздух.

⛔️ 32,700 години на изгубен живот поради прерана смрт имаме СЕКОЈА година во земјава поради загадениот воздух.

Луѓе трујте се и умирајте слободно е пораката на Владата, стои во објавата на о2 иницијативата.

Најнови вести