среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димков до Џафери: Немате право, не сте вие тој што кажува тука како треба да биде, си има закон

Димков до Џафери: Немате право, не сте вие тој што кажува тука како треба да биде, си има закон

Во оваа држава има и Устав, и закон и Деловник. Мислењето ваше е една работа и го почитуваме. Меѓутоа мораме да го почитуваме и Уставот, и законот и Деловникот. Додека не се научиме така се направија многу грешки. Не навлегувам што имало, барем од денес да почнеме да функционираме, се обрати Трајче Димков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ до собранискиот спикер Талат Џафери.

Димков појасни дека поднесувањето на иницијативата е пред промената на името. Покренувањето на иницијативата е пред тоа. Така да вие немате право, не сте вие тој што кажува тука како треба да биде. Си има закон, Ве молам почитувајте го законот. Немојте да правиме работи, да ја уништуваме државата за ништо. Донесувате закон прееска надвор од Уставот за пратеник, со цел да линчувате некој лик. До таму дојде работата и ова што сега се случува не е чесно. Дајте им право на граѓаните да се изјаснат. Кажаа еднаш на референдумот, но вие гласот на народот не го послушавте, нагласи Димков.

Најнови вести