среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерството за здравство се огласи по информациите дека има МРСА на Стоматологија

Министерството за здравство се огласи по информациите дека има МРСА на Стоматологија

Од страна на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон-Скопје сме информирани дека нема опасност од зараза со МРСА, откако кај еден од вработените е најдена оваа бактерија, информираат од Министерството за здравство.

-Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на  бактеријата, е изолиран и не доаѓа на работа. Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории. Веќе се вршат превентивни прегледи и на останатите вработени во установата. Уште еднаш нагласуваме дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите, се наведува во соопштението на МЗ.

Најнови вести