петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата на Заев финансира весник поврзан со терористичката организација ФЕТО, одговорна за неуспешниот обид за државен удар во Турција

Владата на Заев финансира весник поврзан со терористичката организација ФЕТО, одговорна за неуспешниот обид за државен удар во Турција

Владата на Република Македонија објави список на печатени медиуми на кои им доделува финансиска поддршка.

На 11 печатени медиуми им се исплатени 42.568.620 денари со владината Програма за поддршка на печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2018 година.

Од Програмата за 2018 со која беа на располагање 50 милиони денари се исплаќаа трошоци за печање и за дистрибуција, врз основа на фактури за 2017 година. На „Нова Македонија” и се исплатени 6.183.000 денари, „Слободен печат” – 14.277.742 денара, „Битолски весник” – 244.500 денари, „Заман” 903.092 денара, ДИТ Зенит прес ДОО Прилеп – 287.343 денари, „Капитал” 2.115.614 дебнари, „Коха” – 4.932.157 денари, „Вечер” – 7.255.047 денари, „Лајм” – 1.043.912 денари, „Фокус” – 4.624.438 денари и на „Економија и бизнис„ – 701.105 денари.

Меѓу горенаведените, можете да го забележите и весникот „Заман Македонија”. Истиот е поврзан со терористичката организација ФЕТО, одговорна за неуспешниот обид за државен удар во Турција.

Амбасадата на Турција во Скопје, писмено реагирала во врска со овој случај, при што нагласила дека остро го осудува тоа што весникот „Заман Македонија” добил материјална поддршка во рамките на оваа програма од страна на македонската Влада.

„Одлуката на Владата на Македонија да се додели финансиска поддршка за весник на ФЕТО ја сметаме за скандалозна и неприфатлива. Очекуваме дека Владата на Македонија ќе ја преиспита својата одлука и ќе ги земе в предвид долгогодишните пријателски односи помеѓу двете земји и двата народи“, стои во реакцијата на Амбасадата на Турција во Скопје, пренесува агенцијата.

„Заман Македонија” од Владата на Зоран Заев доби 903.092 денара.

Под ФЕТО, турските власти ја означуваат мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД, кого го обвинува дека стои зад обидот за формирање „држава во држава“ во турската администрација и организирање на неуспешниот воен удар,

Што добива Владата на Република Македонија од терористичката организација ФЕТО, одговорна за неуспешниот обид за државен удар во Турција, па одлучи финансиски да ја поддржи, останува отворено прашање.

Најнови вести