четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Секој има право да умре“: Скандалозна изјава на директорот на Клиниката за абдоменална хирургија по смртта на пациентка

„Секој има право да умре“: Скандалозна изјава на директорот на Клиниката за абдоменална хирургија по смртта на пациентка

Шеесет и едногодишна жена починала во недела на КАРИЛ, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време, тврди за НОВА извор близок на семејството.

Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија, Зоран Караџов, за НОВА изјави дека нема зошто да објаснува на медиуми за случајот и тоа ќе го стори само на барање на Министерството за здравство.

-Примена е сабајле кај нас во четвртокот и е оперирана попладнето. Не е шетана од клиника на клиника. Се што треба ќе објаснам на Министерството за здравство, ќе им ја дадеме и потребната медицинска документација. Нема ништо чудно во случајот, секој има право да умре, рече Караџов, за НОВА.

Семејството на починатата жена раскажува низ каква голгота минала таа, а директорот поставен од владата на СДСМ, по оваа скандалозна изјава, се надеваме ќе сноси некаква одговорност.

Целиот текст прочитајте го на НОВА.

Најнови вести