вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скандал во Македонски Телеком: Сопругата на генералниот Љушев станала една од главните директори во фирмата

Скандал во Македонски Телеком: Сопругата на генералниот Љушев станала една од главните директори во фирмата

Во случај во кој има сериозни индиции за непотизам во Македонски Телеком сопругата на генералниот директор Никола Љушев, Наташа, станала една од главните менаџери во компанијата во која свој удел има владата која поставува и свои членови на управен одбор, пишува порталот Експрес.мк.

Наташа Љушева за која веќе имаше еден скандал пред 3 години кога била вработена во Службата за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници сега е главен менаџер на секторот Дигитализација односно станала еден од најважните десет менаџери во компанијата која има промет од стотици милиони евра.

Наташа е сопруга на Никола Љушев главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.

Извори во компанијата тврдат дека Наташа Љушева нема ниту соодветно знаење ниту искуство за да стане еден од главните менаџери во Македонски Телеком.

Од таму обвинуваат сака се работи за класичен непотизам и тврдат дека ако нејзиниот сопруг не е генерален директор таа ќе има проблем да стане и шеф на продавница на компанијата.

Наташа Љушева била унапредена заедно со уште неколку директори во последните промени во Телеком кога биле ,,исчистени” старите кадри на Заев и се поставени луѓе блиски на актуелниот лидер на СДСМ Ковачевски.

Љушев минатата година направи чекор за кој има сериозни индиции за прекршување на законот за што се уште трае истражувањето на expres.mk кој се консултира со централата на Телеком и домашни правни и телекомуникациски експерти.

Целата вест можете да ја прочитате ТУКА

Најнови вести