Владата во Берлин даде согласност за прием на Македонија во НАТО и ќе се залага процесот да биде завршен брзо, пренесува „Дојче Веле“. Како што пренесува порталот, во соопштението од германската влада, меѓудругото се вели:
„Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.