петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Програма за одбележување на празникот Свети Трифун во Кавадарци

Програма за одбележување на празникот Свети Трифун во Кавадарци

И годинава Кавадарци достојно ќе го одбележи празникот на лозарите Свети Трифун со симболично закројување на виновата лоза.

Денеска од општина Кавадарци ја објавија програмата за одбележување.

 

12 часот – Традиционално закројување на виновата лоза
12:15 часот – Прогласување на победниците од дегустацијата на вино и ракија организирана од Општина Кавадарци, Винотек, Здруѓеније на енолози, Напредни лозари и Winemakers.
12:30 – Фолклорен ансамбл Тиквеш
13:45 – Претстава во духот на празникот св.Трифун
14 часот – Блажо Богев
20 часот – Александар Ангелов и Дрим тим
20:45 часот- Љубојна
22:30 часот – Либеро бенд

Во текот на целиот настан , на Градскиот плоштад ќе има поставено штандови за промоција на мали винарии како и дегустација и продажба на производи од големите винарии. Свои изложбени штандови ќе имаат и производителите на маџун, гроздов сок и други производи од грозје.