среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ефтов: Клучно за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е да поминат 400.000 гласа на претседателските избори што ќе значи победа

Ефтов: Клучно за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е да поминат 400.000 гласа на претседателските избори што ќе значи победа

Васко Ефтов во својата емисија „Центар“ ги објави резултатите од сите досегашни претседателски избори во Република Македонија.

Во 1994-та година Киро Глигоров освојува 52,44 проценти, а Љубиша Ѓеоргиевски 21, 06 проценти, односно Киро Глигоров освојува некаде 715 илјади гласови, а Љубиша Ѓеоргиевски 197 илјади гласови, пет години подоцна односно во 1999-та година ВМРО-ДПМНЕ односно Борис Трајковски во првиот круг освојува едвај 219 илјади гласови, а Тито Петковски некаде околу 343 илјади гласови, во 2004 година во првиот круг СДСМ односно Бранко Црвенковски освојува 385 илјади гласови, Сашко Кедев или ВМРО-ДПМНЕ 309 илјади гласови. Во првиот мандат Ѓорге Иванов во 2009 година освојува 345 илјади гласови, Љубомир Фрчковски 202 илјади гласови, а во вториот мандат прв пат по Киро Глигоров таа граница од 400 илјади гласови е пробиена, Ѓорге Иванов во првиот круг освојува 448 илјади гласови, Стево Пендаровски 326 илјади гласови.

-За Христијан Мицкоски клучно е да се доближи или пробие бројката од 400 илјади освоени гласови во првиот круг кога гласаат Македонците кога нема заеднички консезуален кандидат, ако нема заеднички консезуален кандидат и ако Христијан Мицкоски се доближи во првиот круг до бројката или ја надмине тогаш целата политичка ситуација ја зема во свој раце и тогаш ќе биде многу тешко и речиси невозможно таа целата структура составена од Сашо Мијалков, Митко Јанчев, Никола Тодоров и луѓето кои се незадоволни од СДСМ и стимулирани од сегашното работење на ВМРО-ДПМНЕ тие тешко ќе може да побараат конгрес и тешко ќе се надеваат дека на тој конгрес би можеле да направат панорама три или нов пуч и смена на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Клучно за Мицкоски е да не падне под 350 илјади гласачи во првиот круг на претседателските избори и ако стигне до 400 илјади во првиот круг и ако победи во првиот круг има сериозни шанси и да победи во вториот круг тешко ќе може да се направи пуч во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука таа бројка од 400 илјади гласови кои единствено Киро Глигоров во 1994-та и Ѓорге Иванов во 2014 година ја имаат постигнато во првиот круг е клучна за Мицкоски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, вели Ефтов.

Најнови вести