четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Негрижата за децата од страната на МТСП е присутна секојдневно

ВМРО-ДПМНЕ: Негрижата за децата од страната на МТСП е присутна секојдневно

Негрижата за децата од страната на министерството за труд и социјална политика е присутна секојдневно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Царовска нема превземено ништо конкретно за ресорното министерство, туку само чека некој настан   за да се пофали со тоа што „ЌЕ“ преземе, што никогаш повеќе и не се реализира. Да ја потсетиме власта на СДСМ дека во периодот од 2014-2016 година владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ отвори 44 детски градинки во руралните и градските средини, до 2016 година беа отворени  и 25 приватни установи за деца. Ова е доволен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш на преден план и било грижата на децата и градење на повеќе градинки, бидејќи тие не гледаа низ призмата на свои лични интереси, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Додека Царовска низ секој проект гледа како да се збогати и како од тендерите да зеде пари или да ги додели на својот невенчан сопруг.

-Граѓаните увидоа дека со СДСМ и Заев државата само оди назад. Поради  ваквите лоши политики на СДСМ потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Токму на тие избори СДСМ ќе биде казнето за сите црнила и зла кои и ги нанесоа на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести