Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во вчерашното гостување во магазинот „Клик плус“ на телевизијата 21, рече дека точките од меѓу партискиот договор на албанските политички партии, во јавноста познат како Платформа, се составен дел од сето она што до сега е спроведено во Собранието.
На констатација на водителот дека албанските политички партии не се придржуваа до нивниот договор кој воедно тие го претворија во Платформа, Џафери одговори:
– Не не, се придржуваа. Платформата се спроведе во изгласаните закони. Сега јас не сакам да навлегувам во коментарите и однесувањата на лидерите на политичките партии за дневни политички каприци. Но над се точките на овој договор се составен дел од сето она што до сега е спроведено во Собранието, рече Џафери.
Џафери беше запрашан и за тоа колку е сериозна идејата, албанските политички партии да излезат со заеднички кандидат во трката за Претседател на државата, на што тој одговара дека прашањето е толку сериозно што албанските политички партии можат да бидат на нивото од 2017 година, кога на 7-ми јануари излегоа со меѓу партиски договор.
– Ова прашање е толку е сериозно што албанските политички партии можат да бидат на нивото од 2017 година, кога на 7-ми јануари излегоа со меѓу партиски договор за надминување и решавање на албанското прашање, децидно одговори Талат Џафери.
Џафери вели дека не знае кој е можниот заеднички кандидат за Претседател на албанските партии, но смета дека тоа е почетна точка каде што албанските политички партии можат да се обединат. Така што има почетна точка, има позитивен пример и се посакува да се следи тој пример, заклучи Џафери.