петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ нанесе само штети на државата, затоа бега од предвремени избори- знае дека ќе биде декласирана од народот“

„СДСМ нанесе само штети на државата, затоа бега од предвремени избори- знае дека ќе биде декласирана од народот“

Единствен кој ќе биде поразен на избори е СДСМ, кој бега од предвремени парламентарни избори затоа што му е страв од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ во изминативе две години спроведува антидржавна политики и во низа ги прекрши Уставот и законите. СДСМ и врхушката на оваа партија се прочитани од народот. СДСМ нема легитимитет ниту за спроведување на неуставниот закон за двојазичност, ниту за промената на името на државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Граѓаните наместо антидржавни политики од власта очекуваа реален економски раст и развој, нешто што овие две години додека СДСМ е на власт воопшто не постои. СДСМ не го испорача она што граѓаните го очекуваа. СДСМ нанесе само штети на државата, токму затоа СДСМ се плаши и бега од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, затоа што знае дека ќе биде декласирана од народот“.

Најнови вести