вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со Дол во Брисел: Светските организации ја препознаваат Македонија како произведувач на корупција која е заштитена од државата

Мицкоски на средба со Дол во Брисел: Светските организации ја препознаваат Македонија како произведувач на корупција која е заштитена од државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на Брисел оствари средба со Претседателот на Европската Народна Партија Жозеф Дол.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка состојба, предизвиците со кој државата се соочува и взаемната соработка со Европската Народна Партија, информираат од партијата.

Претседателот Мицкоски ја истакна загриженоста за состојбите со корупцијата и криминалот во државата.

-Светските организации Македонија ја препознаваат како произведувач на корупција која е заштитена од државата. Тоа го говори и последниот извештај на Транспаренси Интернешнл кој државава ја сместува на дното во Европа. Тука е и тешката економска состојба, речиси најмалиот БДП во Европа со најмалиот економско раст во Европа. Со вакви стандарди наметнати од власта европската перспектива е загрозена, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сето ова како и упорното бегање од предвремени парламентарни избори кои би гарантирале заштитно механизми отвора сомнеж дека власта сака да организира фалсификат на претседателските избори.

-Ние побаравме од европските партнери, организирањето на фер и демократски избори да се постави како предуслов за напредок на европската агенда и добивање на позитивна оценка, истакна Мицкоски.

Мицкоски и Дол ја истакнаа заедничката заложба за продолжување на продлабочената соработка на ВМРО ДПМНЕ со Европската Народна Партија како и искористување на расположливите потенцијали.

-Македонија мора да оди напред, но мора и да постави принципи и вредности, враќање на довербата во системот, напуштањето на политичките притисоци, како и безусловно владеење на правото и правната држава, истакна Мицкоски.

Најнови вести