Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус посветен на уште една лага ветена од страна на СДСМ.
-Помина месец Јануари, нема ништо од најавената германска инвестиција на Заев.
Уште една лага!
На премиерот не му пречеше да го злоупотреби и името на германската канцеларка.
Уште помалку има нешто од оние прво најавени инвестиции на Заев за Google и FB.
Денес, одново слушам неболузи како влезот во воениот сојуз НАТО ќе донесе нови инвестиции. Влезот во НАТО е наша стратешка цел, но тоа нема никаква директна врска со странските инвестиции.
Странските инвеститори ја одбегнуваат Македонија не затоа што се плашат дека некој ќе изврши воена инвазија и ќе загрози нивната инвестиција, туку пред се затоа што криминална ни е власта. Затоа што нема владеење на правото и има целосно отсуство на правната држава.
Понудата која се дава на странските инвеститпри се зголемени даноци, истоштена домашна економија и министри за привлекување на инвестиции чии имиња не ги знае ниту домашната јавност, стои во неговиот статус на Фејсбук.