Пејачот Дарко Лазиќ во октомври доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај се спаси.
По долго лекување, пејачот полека оздравува и се враќа на секојдневните активности. Лазиќ повторно се фати за микрофонот и запеа.
Имено, Дарко правеше проба, а овој момент го забележа со телефон и видеото се појави на социјалните мрежи.
За потсетување, Дарко оваа година ќе стане татко по втор пат од неговата свршеница Марина.