среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во трагедијата загинаа четворица студенти од УКИМ, сочувство од ректорот Јанкуловски

Во трагедијата загинаа четворица студенти од УКИМ, сочувство од ректорот Јанкуловски

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски изрази сочувство за трагичната смрт на четворица студенти од УКИМ кои загинаа во завчерашната автобуска несреќа – Павле Костоски од Правниот факултет, кој магистрирал пред три месеци, Онур Садику од Медицинскиот факултет, Бејза Узеири од Архитектонскиот факултет и Јовица Трпевски од Електротехничкиот факултет.

Длабоко сум потресен од трагичната сообраќајна несреќа во која настрадаа наши граѓани. УКИМ изразува најдлабоко сочувство кон семејствата на загинатите. Особено болно за академската заедница на УКИМ е загубата на четирите студенти од овој Универзитет, наведува Јанкуловски.

Во дописот тој се оградува и од изјавата на професорката од Правниот факултет Билјана Ванковска бидејќи, како што вели,  во врска со нејзината изјава вчера во медиумите и на социјалните мрежи бил повикуван и споменуван УКИМ. Притоа додава и дека Скопскиот универзитет  секогаш ја поддржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење.

-Не навлегувајќи во правните квалификации на изјавата на професорката, за што се надлежни други институции, од етички причини чувствувам должност да се оградам од изјавата на проф. д-р Билјана Ванковска. Како човек остро осудувам секакви изјави кои алудираат на нетрпеливост и нетолеранција и создаваат чувство на омраза. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ секогаш ја подржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење, пишува Јанкуловски.

Најнови вести